СДСМ: Тешки лаги се тврдењата дека Заев имал контакти и соработка со Седат Пекер

од Берта Китинска

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ во континуитет шири лажни вести и измислува непостоечки сценарија, не го менува фактот дека оваа партија е бранител на криминалот и криминалците и потврден извор на лажни вести, стои во реакцијата на СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ, објави дека Седат Пекер кој е протеран во Турција имал средба со премиерот Заев.

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се на браникот на криминалот се повикуваат на невистинити изјави на криминалци, истите ги надградуваат со цел да ја манипулираат јавноста.

Ниту претседателот Зоран Заев ниту кој било од неговото семејство имале какви било контакти или соработка со лицето Седат Пекер. Тоа се тешки лаги пласирани од Белиот дворец и очајното ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски упорно и по секоја цена продолжуваат да шират лажни вести, да конструираат непостоечки сценарија, но треба да знаат дека тоа нема да ги спаси од уште еден нов пораз од граѓаните, соопшти Заев.

Слични содржини