СДСМ за акцијата „Двојник“: Во белиот дворец не можат или не сакаат да сфатат дека денеска законите важат за сите подеднакво

од Nikola Popovski

Ако некој треба да се засрами тоа е ВМРО-ДПМНЕ која и покрај јавно објавени факти, без срам и перде продолжува да шири лажни вести, да конструира измислици кои немаат врска со реалноста. Ниту комбето кое го спомнуваат, ниту било кој од приведените во акцијата со заплена на дрога, имаат каква било поврзаност со семејството на претседателот Зоран Заев, соопштија од владеачката СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, во белиот дворец не можат или не сакаат да сфатат дека денеска законите важат за сите подеднакво, дека нема веќе заштитени поединци кои се над правдата.

„Кој што прави, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и брани криминал. Токму оваа партија предводена од Христијан Мицкоски со години наназад е на браникот на криминалот. И кога го блокираше Законот за јавно обвинителство и кога застана на страна на Орце Камчев, но и сега кога Мицкоски се обиде да ја саботира полициската акција „Двојник“ и кога ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за друга полициска акција спроведена во соработка со ДЕА“, велат од СДСМ.

Аферата „картел Заеви” се повеќе зема замав, а власта во паника се повеќе се обидува да го заташка целиот случај, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Слични содржини