СДСМ за упадот на Стоилковски: Мицкоски никако да научи дека вистината не можат да ја попречат

од Vladimir Zorba

„Паника во ВМРО-ДПМНЕ. Признанијата за криминалот во Титаник ја покажа нервозата кај Христијан Мицкоски. Наместо да поднесеат оставки, да им се извинат на граѓаните и да побараат враќање на партите кај народот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го пуштаат Наум Стоилковски да попречува изјави на СДСМ“, реагираат од СДСМ на упадот на нивниот портпарол на прес-конференцијата на Каевски.

„Насилничките обиди на Мицкоски преку Наум Стоилковски да поречува изјави, го покажува вистинскиото лице на оваа режимска и насилничка партија.

Ништо се нема променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата партија управувана од двоецот Мицкоски – Груевски.

Мицкоски никако да научи дека вистината не можат да ја попречат“, додаваат оттаму.

Слични содржини