Се маскирале во баби за да добијат вакцина против корона

од Stefanija Kuzmanovska

Две жени од Флорида се маскирале во баби за да се вакцинираат против КОВИД-19, соопштија во четвртокот здравствените власти.

-Нивниот „откачен изглед“ вклучуваше ракавици, очила, качулка… го прилагодиле целиот изглед – рече др. Раул Пино, директор на Министерството за здравство на Флорида во округот Оринџ.

Работниците во Конгресниот центар во округот Оринџ забележале дека жените „изгледаат смешно“ и ги запреле пред да ги примат вакцините. Имаше проблем и со личните карти и возачките дозволи што ги дадоа, додаде Пино.

Биле дојдени по својата втора доза од вакцината, пренесува „Њујорк пост“.

Не е познато како успеале да ја добијат првата доза и дали го користеле истиот трик. Инцидентот им бил предаден на локалните власти, а жените добиле опомена. Едната има 44, а другата 34 години. На Флорида, правото на вакцина во моментов го имаат лицата над 65 години и здравствените работници и персоналот.

Пино рече дека бројот на луѓе кои се обидуваат да го фалсификуваат својот идентитет за да бидат вакцинирани е „поголем отколку што очекувале“. Поради тоа, безбедноста на местата за вакцинација е зајакната, пишува „Њујорк пост“.

Слични содржини