Се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во болница

од Nikola Popovski

Непознати лица се обиделе да украде бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Слични содржини