Се очекуваат 103.000 вакцини преку Ковакс за С.Македонија

Во првата половина од годината, Ковас, односно иницијативата на ОН ќе испорача 337,2 милиони доази вакцини наманети за спречување на Ковид 19, а целна група ќе бидат земјите во развој.

Со таквите бројки, ќе може да се вакцинираат 169 милиони луѓе во светот со предвидените две дози, односно 3% од човештвото во 145 земји кои учествуваат во оваа иницијатива.

Преку Ковакс системот се очекува распределба на 336 милиони дози од Астра Зенека и Оксфорд во рамки на првите два квартали, повеќето од нив произведени во Индија.

Како што посочуваат во првиот квартал се очекуваат дополнителни 1,2 милиони од вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Според Ан Линдстранд од СЗО, испораките би можеле да почнат кон крајот на февруари.

Ковакс ќе покрие трошоци за набавка на вакцините за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат по пристапни цени.

Земјите ќе добијат дози пропорционално на бројот на населението.

Најмногу ќе добие Индија (97,2 милиони), потоа Пакистан (17,2 милиони), Нигерија (16 милиони), Индонезија (13,7 милиони), Бангладеш (12,8 милиони), Бразил (10,6 милиони), Кенија (4,2 милиони), Судан (3,4 милиони), Јемен (2,3 милиони) и Сирија (1,02 милиони)

Меѓу земјите во регионот, Србија ќе добие најмногу – 345.600 дози, потоа Босна и Херцеговина – 177.000, Албанија – 141.600, Северна Македонија – 103.200, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000 дози вакцини.

Слични содржини