Се откажаа доделувањата на наградите за најлоши филмови

Во саботата навечер во Лос Анџелес требаше да се доделат наградите „Златна малина“, но неколку часа пред почетокот на церемонијата се беше откажани, пишува Мирор. Во плубликата требало да има повеќе од 500 луѓе поради стравот од коронавирусот, доделувањата се откажаа.

– Златните малини мораа да се откажат, односно, одложат, поради тоа што Лос Анџелес ги затвори сите големи арени каде би можеле да се соберат повеќе од 50 луѓе, вклучувајќи и Barnsdall Theatre. Доколку немаме место, нема каде да ги доделиме наградите – рекол основачот на наградите Џон Вилсон.

Не е познато дали ќе биде закажан нов датум за доделување на наградите.

„Златните малини“ се филмски награди кои ниту еден актер не сака да ги освои. Се доделуваат на најлошите филмови, а ова би требало да биде 40 церемонија по ред.

Наградите се доделуваат во неколку категории, како што е најлош филм, најлоша актерка, најлоши оригинални песни, најлошо сценарио, најлош режисер…

Оваа година за најлош филм номинирани беа мјузиклот Cats, комедијата A Madea Family Funeral и Rambo: Last Blood. Најмногу номинации има Cats.

Слични содржини