Се продава Nissan GT-R на Фетел

од Vladimir Zorba

Станува збор за Nissan GT-R што четирикратниот шампион во Формула 1 го набави во 2012 година. Поточно, тоа е Black Edition, а за десет години поминал само 150 километри. Јасно е дека Себастијан Фетел немаше премногу време да се дружи со еден од најдобрите суперспортски автомобили наоколу.

Автомобилот е во беспрекорна состојба, а се работи за металик црн модел опремен со тркала од 20 инчи кои беа ексклузивни за оваа специјална верзија, пишува „Index“. Дополнителна карактеристика се портокаловите клешти на сопирачките, како и задниот спојлер од карбонски влакна.

Во кабината доминираат седиштата Recaro, сега тапацирани во комбинација од црна и црвена кожа. Автомобилот носел швајцарски регистерски таблички, а бараната сума е 250.000 евра.

Слични содржини