Се разбуди вулкан на Филипините, исфрла пепел и пареа

од Stefanija Kuzmanovska

Вулканот Булисан во провинцијата Сорсогон на Филипините исфрла пепел и пареа на височина од околу еден километар, соопшти денеска филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Во соопштението се наведува дека нивото на предупредување за Булисан е подигнато, но дека нема индиции за можна поголема ерупција.

Булисан е еден од најактивните вулкани на Филипините, а во изминатите неколку години покажа знаци на активност со исфрлање пепел и повремени експлозии на пареа.

Официјалните лица побараа од локалното население да држат растојание од околу четири километри од вулканот, што е постојана опасна зона околу кратерот.

Пепелта паднала на најмалку седум села и блискиот крајбрежен град Џубан на падините на Булисан, каде на луѓето им било препорачано да останат во куќите и да носат маски.

Филипинскиот архипелаг има повеќе од 20 активни вулкани и се наоѓа во Пацифичкиот огнен појас, област позната по честите вулкански и сеизмолошки активности, пренесува АП.

Слични содржини