Деновиве турските медиуми постојано пишуваат за наводниот развод на Бурак Озџивит, познат на домашната јавност по улогата на Бали Бег во серијата Сулејман Величествениот, и неговата сопруга Фахрије Евџен.

Во однос на висината на хонорарите што ги добиваат, турските актерки полека им се приближуваат на холивудските колешки.

Дека сето тоа не е доволно за среќа, докажува и турската убавица Фахрије Евџен, која последните денови беше во центарот на вниманието поради се почестите гласини за развод.

Имено, турските медиуми наведуваат дека нејзиниот брак со Бурак Озџивит е дефинитивно завршен. Имено, актерката паднала во депресија по смртта на нејзиниот татко, кој долго време се борел со рак на желудник.

Познатиот „Бали-бег“ сакал да ѝ помогне и се грижел за синот, но таа не го послушала предлогот на нејзиниот сопруг да посети психолог. Меѓутоа, најголемиот проблем на најубавиот пар во Турција, како што често ги нарекуваат, е воспитувањето на нивниот син.

Како што тврди близок извор на парот, двајцата немаат ист став за одгледување на детето, поради што многу често се во конфликт.

Упатените тврдат дека Бурак е при крајот со трпението, иако тој ја сака својата сопруга повеќе нема сила да се бори против нејзиното лошо расположение.

Сепак, Фахрије е подготвена да стори сè за да го задржи сопругот, па одлучи да направи пауза со враќањето на сцената.

Слични содржини