СЕ СРУШИ ЗГРАДА ВО ЕГИПЕТ: Најмалку 3 лица загинаа

од Vladimir Zorba

Најмалку три лица загинаа кога се урна станбена зграда во град недалеку од Каиро, објавија денеска египетските медиуми.

Спасувачите трагаат по преживеани во урнатините на четирикатната зграда во градот Шубра Ел-Кајма во провинцијата Калубија.

Зградата се урна доцна синоќа, а беа пронајдени телата на тројца адвокати кои работеа во фирма во таа зграда.

Засега не е познато што предизвикало уривање на зградата, а прелиминарната истрага покажала дека зградата е стара.

Пропаѓањето на зградите не е невообичаено во Египет, каде што лошата градба е вообичаена во сиромашните урбани средини и руралните области.

Слични содржини