Се урна зграда, спасувачите трагаат по преживеани (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Кинеската државна телевизија ЦТВ соопшти дека во урнатините на зградата се заробени 23 лица, а властите соопштија дека не е воспоставен контакт со уште 39 лица кои биле присутни околу местото на несреќата.

Спасувачите во централна Кина спасија пет од 23-те лица заробени во делумно урната зграда, соопштија денеска властите.

Шесткатница во градот Чангша делумно се урна во петокот, по што кинескиот претседател Си Џинпинг издаде наредба да се спасат жртвите „по секоја цена“, пренесува АП.

Слични содржини