Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците.sobranie4

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог – законот за занаетчиство, во второ читање и предлог – законите за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и на Законот за енергетика, двата во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за договорен залог, во второ читање

Слични содржини