Седница на Совет за безбедност утре во 12 часот кај Пендаровски

од Берта Китинска

Утре во Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, информираше претседателскиот Кабинет.

-На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Слични содржини