Седница на Владата за нови мерки поврзани со состојбата со Ковид-19

од Vladimir Zorba

Владата попладне со почеток во 17 часот ќе одржи седница.

За заклучоците од седницата на Владата која заседава за одлуки и мерки поврзани со состојбата со коронавирусот ќе биде објавено соопштение.

Директорот на Царината Ѓоко Танасоски денеска најави дека на предлог на Царината и Министерството за економија Владата ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина треба да бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема.

Слични содржини