Семејство од Прилеп направи хуман гест: Во тек се семејните слави, ова е пример… (ФОТО)

Семејството Здравески од Прилеп направи еден хуман гест, поради кој добија срдечни поздрави од јавноста. Имено, семејството испрати порака до сите фирми и граѓани да го следат нивниот пример.

На големиот христијански празник Св. Архангел Михаил, кога слави именден, Михаил Здравески од Прилеп заедно со неговото семејство, направија голем хуман гест, кој треба да биде пример за секого.

Ова младо момче заедно со неговиот татко, Крешимир Здравески, однесоа великодушна донација од овошје и вода за пациентите и персоналот во Инфективното одделение при градската општа болница “Борка Талески”.

Целта на ова семејство е да ги анимираат граѓаните и фирмите кои се во можност да донираат и да помагаат во овие тешки денови за Прилеп и прилепчани.

“Жал ми е што ова била прва донација. Мислев дека луѓе и фирми донираат обична вода и храна, овошје…, што било, но ете, за жал, не било така. Ова нека биде поттик да се поправиме сите како луѓе за да не се срамиме од самите себеси пред состојбава и идните генерации. Јас и моето семејство не застануваме овде. Веќе се поттикнати фирми и поединци и сепак ќе покажеме дека можеме да бидеме едни обични луѓе со душа и срце. Државата е наша и мора ние да се грижиме за неа и за самите нас. Нека е за многу години Св. Архангел Михаил и Господ на сите болни да им даде сила да оздрават, да немаме веќе починати и сите заедно со Божја помош и нашите лекари и медицински персонал, да излеземе што поскоро од ова дереџе. Македонијо…Македонци…на нас е редот! Благодарност до Д-р Мирјана Крстеска, која не’ пречека со топло срце, иако беше преплавена со пациенти. Господ да ве чува”, пишува на својот Фејсбук профил Крешимир Крешо Здравески.

Deneska e imendenot na mojot lav Mihail Miki Zdraveski i toj reši ovaa godina eve vaka da go “proslavi” imendenot, so…

Posted by Krešimir Krešo Zdraveski on Сабота, 21 ноември 2020()

Слични содржини