Сергеј Трифуновиќ: Собравме потписи!

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, најави дека ПСГ собра доволен број потписи за учество на парламентарните избори, објави „Мондо“.

„Собравме потписи. Од 10.000 потребни, собравме 14.000“, напиша Трифуновиќ на својот профил на Твитер.

Изборите се одржуваат на 21 јуни, а крајниот рок за поднесување на списокот е на полноќ на 5 јуни. Патем, одлуката на ОСГ да не ги бојкотира изборите предизвика тензии и конфликти во опозицијата.

Слични содржини