Серија земјотреси го погодија Лос Анџелес

од Radmila Tasevska

Серија посилни земјотреси, од кои првиот беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, денес го погодија Малибу во близина на Лос Анџелес, соопшти Американскиот геолошки институт.

По првиот земјотрес следеа уште два земјотреси со јачина од 3,5 и 2,9 степени.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на околу 16 километри јужно од плажата Малибу и околу 25 километри југозападно од Санта Моника.

Слични содржини