Северина објави бизарна фотографија со маска на лицето: Ова не им се случува само на другите

Северина денеска преку Инстаграм се огласи за коронавирусот и ги повика следачите на внимателност. Пејачката објави бизарна фотографија од фризерски салон, на која лицето и е прекриено со косата, а на себе има медицинска маска и очила.

„Чувајте ги децата и повозрасните. Децата можат да ги заразат постарите. Ова не им се случува само на другите“, напишала Северина.

https://www.instagram.com/p/B9oqu-vhr_U/?utm_source=ig_embed

На фотографијата и нејзиниот фризер носи маска. Фотографијата добила повеќе од 10.000 лајкови за помалку од еден час, а многумина и ја пофалиле што повикува на внимателност.

Слични содржини