Северна Кореја тестираше офанзивен подводен дрон со нуклеарно оружје (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пјонгјанг тестираше ново офанзивно подводно беспилотно летало со нуклеарно оружје, објавија државните медиуми, а севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун предупреди дека заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД треба да завршат, пренесува „Ројтерс“.

За време на тестирањето, новото севернокорејско беспилотно летало се движеше под вода на длабочина од 80 до 150 метри повеќе од 59 часа и детонираше ненуклеарен товар во близина на источниот брег на земјата во четвртокот, јави севернокорејската државна новинска агенција KCNA, пренесе „Танјуг“.

„Овој нуклеарен подводен дрон за напад може да се распореди на кој било брег и пристаниште или да се одвлече од површински брод за операција“, се вели во извештајот на KCNA, истакнувајќи дека Ким лично го надгледувал тестот.

На фотографијата објавена од државните медиуми се гледа како Ким се насмевнува покрај голем објект во облик на торпедо, но тоа не е идентификувано како новиот дрон.

Севернокорејскиот лидер ја изрази „својата одлучност да ги доведе американските империјалисти и јужнокорејскиот марионетски режим во очај поради нивниот избор“, соопшти KCNA, додавајќи дека Ким ги предупредил непријателите веднаш да престанат со „непромислените воени вежби против Северна Кореја“.

Слични содржини