Севернокорејскиот лидер му испрати телеграма на Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати телеграма до рускиот колега Владимир Путин, во која навел дека се надева на победа на рускиот народ во борбата против „хегемонијата на империјалистите“.

Во телеграмата, по повод 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, Ким истакнал дека односите со Русија ќе продолжат постепено да се развиваат на ново ниво, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА.

„Многу сум задоволен од фактот што неодамна бев во официјална посета на Русија и разменив искрени мислења со господинот Путин за развојот на пријателските односи меѓу Северна Кореја и Русија“, рече Ким.

Слични содржини