Шабани: Резултатот од гласањето на заболените од Ковид-19 ќе се знае в среда

од Берта Китинска

Портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани на втората прес конференција како шпекулации  ги информациите дека резултатите од гласањето на позитивните лица од ковид-19,веќе се познати.

– Гласчките ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда, изјави Шабани.

Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со КОВИД-19 или во изолација. Денеска ќе се гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.

Слични содржини