Шахпаска: Нова развојна економија, повисоки плати и шанса за сите е вистински економски патриотизам на дело

од Aleksandar Petrovski

Трите години зад нас, се години кои покажавме што значи да се работи чесно, посветено и исклучиво во интерес на граѓаните.

Сега е време за нови иницијативи на кои се обрзуваме пред нашите граѓани, да продолжиме по патот на успешните политики кои ни донесоа силна и стабилна економија, нови работни места, повисоки плати, пензии, социјална помош истакна Јагода Шахпаска, носителка на листата на СДСМ во ИЕ 3.

Но овојпат уште подобро и уште повеќе!

Понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска развојна економија. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места.

Тоа е модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните генерации.

Нашата понуда е 20.000 денари минимална и 34.000 денари просечна плата до крајот на мандатот.

Како растат платите ,така ќе растат и пензиите ,нашата цел е најниската пензија да биде повисока за најмалку 21%

Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца.

За семејствата кои немаат свој дом и немале можности за купување, градиме 777 социјални станови низ целата држава.

Го охрабруваме самовработувањето и основањето на сопствен бизнис кај младите лица и го поддржуваме женското претприемништво со грантови во износ од 15.000 евра.

Невработеноста за три години падна на 16.2% нашата понуда е пад за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот.

Ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови

Тоа е новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело

Почитувани,

Од една страна е СДСМ и коалицијата со понудата за нова развојна економија, а од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои не знаат економија, знаат само да ги крадат парите на граѓаните

Додека СДСМ носи брзи, ефикасни антикризни мерки, ВМРО-ДПМНЕ кочеше 90 милиони евра, пари од Светска Банка наменети за медицинска опрема.

Затоа на 15 јули изборот е едноставен:

Изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски.

Изборот е меѓу 777 нови социјални станови или скапи кредити за камен, бронза и стиропор.

На 15 јули граѓаните ќе одберат нова развојна економија и парите уште повеќе да завршуваат во нивните семејни буџети, за да биде уште подобро за сите.

МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!, рече Шахпаска.

 

Слични содржини