Шахпаска: Во градинките се регистрирани 14 нови случаи на Ковид 19 кај деца и 34 вработени

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска посочи дека епидемиолошката состојба во детските градинки е стабилна.

Истовремено, таа вели дека градинките и натаму ќе останат отворени, но ќе се следи состојбата со цел преземање дополнителни мерки согласно развојот.

„Во градинките, согласно последниот неделен извештај, има нови 14 позитивни дечиња и 34 вработени. Состојбата во градинките е под контрола. Со денешна дата 15.500 деца се присутни во градинките и секоја седмица интересот на роителите за носење на децата во градинки се зголемува. Но, имајќи предвид дека по здравствените пототоколи во градинките смее да бидат згрижени 21.300 деца, се уште има места за згрижување“, посочи Шахпаска одговарјќи на новинарско прашање.

Слични содржини