Шарлиз Терон во врска со познат модел со потекло од нашите простори (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската актерка Шарлиз Терон е видена како се држи за рака со згоден модел. Се чини дека таа повторно ја пронајде љубовта по неуспешните романси со Шон Пен и Габриел Обри.

Шарлиз Терон (47) е фотографирана со моделот Алекс Димитријевиќ во ресторан во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес.

Последната врска за јужноафриканската актерка беше со колегата и актер Шон Пен во 2015 година.

Оскаровката е видена како се држи за рака со Димитријевиќ, успешен модел кој е добро познат во светот на модата.

Димитријевиќ претходно беше модел на брендови како Malbon Golf, AG Green Label, The Elder Statesman и Combo Boking, а на веб-страниците за модели стои дека Алекс живее во Лос Анџелес и дека освен со манекенство се занимава и со дизајн. Судејќи по презимето, моделот потекнува од нашите простори.

Шарлиз е мајка на две посвоени ќерки: Џексон (11) и Август (7).

Слични содржини