Шекеринска се повлекува од функцијата заменик-претседател на СДСМ

од Nikola Popovski

„Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри“, вака одговори министерката за одбрана и актуелна потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, одговарајќи на прашање дали ќе ја задржи позицијата заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај, со што најави дека се повлекува од функцијата на партијата.

Таа изјави дека во ниту еден момент не учествувала во дискусија поврзана со кандидатот за амбасадор на Република Северна Македонија во Вашингтон.

„Во ниту еден момент не сум учествувал во дискусија по ова тема. Таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информаци, дезинформаци, деманти. Мислам дека е тема кој не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место кое што особено станува значајно имјаќи предвид дека новоизбраниот претседател (на САД) доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамките прво на Министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра“, истакна Шекеринска.

Слични содржини