Шекеринска: Војникот со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје

од Берта Китинска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти дека војникот кој е на мировна мисија во Централно африканската република со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје.

-Еден од нашите припадници на Армијата потполковник кој учествува во европската мировната мисија во Централноафриканската Република минатата недела доби позитивен тест на ковид 19 и бидејќи состојбата од страна на медицинските експерти не беше согледана како целосно под контрола по нивна препорака тој со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје, изјави Шекеринска.

Слични содржини