Шест лица загинаа во силен земјотрес на Филипините

од Vladimir Zorba

Бројот на жртвите во земјотресот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди јужниот дел на Филипините се зголеми на шест, а властите трагаат по уште две лица кои се водат како исчезнати.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на островот Минданао, на длабочина од 60 километри, соопшти германскиот центар за геолошки истражувања, пренесува Ројтерс.

Маж и жена загинаа кога врз нив се урна бетонски ѕид, додека една жена загина во трговски центар.

Слични содржини