Вчера во 14:50 часот на регионалниот пат Гостивар – Маврови Анови во близина на Мавровската крстосница се случи тешка сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале две возила, „опел корса“ со штипски ознаки управувано од В.М. (50) од Свети Николе и „ровер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Р. (47) од Тетово.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Слични содржини