Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја совладаа Гамба Осака со 6:2 во подготвителниот натпревар на гостувањето во Јапонија.
Тимот на Кристоф Галтие беше расположен денеска во Јапонија.
Парижаните беа силни во првото полувреме во кое постигнаа четири гола.
Прецизни за парижаните беа Сарабиа (28), Нејмар (32 пен., 60), Мендеш (37), Меси (39) и Мбапе од пенал во 86-тата минута.