Шевченко заплака на телевизија: Убиваат деца и постари лица, потребна ни е ваша помош

од Nikola Popovski

Легендарниот напаѓач на Украина и Милан, Андриј Шевченко гостуваше во емисија во живо на италијанската државна телевизија РАИ каде зборуваше за ситуацијата во Украина која трпи жестока агресија од Русија. Шевченко низ солзи им кажа на Италијанците дека дел од неговото семејство е во родната земја.

– Мајка ми, сестра ми и роднините се во Украина. Се слушаме секој ден. Нивниот избор е да останат во Украина. Не можам да гледам што се случува во мојата земја без да плачам. Моите луѓе ми ја кажуваат вистината за Украина. Се бомбардираат градови, се убиваат деца и постари лица. Мораме да ја убедиме Русија да ги запре нападите и да најде дипломатско решение за крајот на војната, изјави Шевченко, која моментално се наоѓа во Лондон.

Украинецот ја стекна славата во Италија со одличните игри во дресот на Милан, а сега ги повика Италијанците да ги примат бегалците кои доаѓаат од Украина.

-Кога дојдов во Италија, таа земја ми го отвори срцето. Се чувствував како еден од вас и затоа Италија ја сметам за втор дом. Сега ве молам да ги отворите вашите срца за мојот народ. Ни треба вашата помош. Нека се чувствуваат со вас сега како што се чувствувам јас цел живот. Многумина веќе ни покажаа многу наклонетост, но јас барам од вас повеќе, рече Шевченко.

– Украина сака да биде дел од Европа. Тоа е одлука на нас како народ. Володимир Зеленски е голем претседател и не води кон независност и слобода, заклучи Шевченко.

Слични содржини