Шилегов: На Перо Камиказа симпатична му е партијата што вели дека ќе убива и беси политички противници

од Nikola Popovski

Вие молчите, што значи дека одобрувате, вели градоначалникот Петре Шилегов, обраќајки ѝ се на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Данела Арсовска, на прашањето за црната кампања во изминатиов период.

-Дали вие сте помислиле како жена на мојата сопруга и ќерка се чувствуваат кога го гледаат тоа што ги обвинувате, посебно луѓето што ја плаќаат вашата кампања, ѝ рече Шилегов на Арсовска во емисијата „Само вистина“.

Во однос на кандидатот на Левица, Петар Георгиевски – Камиказа, Шилегов истакна дека е „загрижен што тој поддржува или симпатична му е енергијата на партија што кажува дека ќе убива луѓе, дека ќе беси политички противници“.

Слични содржини