Шилегов: Најголем увозник на отпад за индустриски цели е „Макстил“

од Vladimir Zorba

Одговарајќи на новинарско прашање околу информацијата што беше објавена во медиумите дека во земјава во период од две години се увезени околу седум милиони тони отпад, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов наведе дека од она што го дознал од Министерството за животна средина, не станува за отпад што се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели.

– Министерството за животна средина и просторно планирање ја има точната евиденција и на количините и на субјкетите и на бројот на дозволите што се издадени, меѓутоа по она што од таму ми е кажано не станува збор за отпад кој се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели, податок што е куриозитетен е дека најголем увозник се јавува „Макстил“, а предмет на увоз отпад е старо железо, изјави Шилегов.

Слични содржини