Шилегов: Не е коректно граѓани во некои општини да бидат задолжени, додека други општини да не ги извршуваат основните функции на собирање на данокот

од Nikola Popovski

„Го започнавме процесот на децентрализација, во кој што е и фискалната децентрализација. Тоа се два процеси кои што треба да одат паралелно, институциите да ја пратат фискалната децентрализација и наше мислење како Зелс и мислење на Владата е дека ние мора да направиме систем на фискално наградување на дисциплираните општини“, изјави денес градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, не е коректно граѓани во определени општини да бидат задолжени, додека некоја друга општина да не ги извршува основните функции на собирање на данокот на имот и за сметка на тоа да биде оптоварен државен или  општински буџет.

„Мора да ставиме фискални ограничувања и фискално поведение и на единиците на локална самоуправа,“ истакна Шилегов.

За да се зголемат приходите на општините, а граѓаните да се мотивираат да не ги чуваат куќите и становите во кои не живеат под клуч, Владата предложи да се плаќа трипати повисок данок на имот за втор стан или куќа, како и деловен простор што не се користи. Законските измени се веќе во собраниска процедура.

Слични содржини