Широки тротоари и велосипедските патеки – град Скопје воведува нови стандарди при изградба на улиците

од Берта Китинска

Градот Скопје воведува нови стандарди во работењето при изградба и реконструкција на улиците, а според новите стандарди на квалитет се и широките тротоари и велосипедските патеки на бул. 11. Октомври, 8. Септември, Партизански одреди, Даме Груев и други.

-Мојата идеја е дека во следните две децении нашиот град треба да стане град со одржлив развој, град во кој надвор од автомобилскиот, секако мора да имаме соодветна инфраструктура и на алтернативниот сообраќај, пред се на велосипедскиот и на пешачкиот, како стандарди на коишто јас со граѓаните зборував во текот на мојата изборна кампања, а очекувам дека и граѓаните сакаат да ги применуваат. Ова е стандардот што веќе го работиме, гледате дека и центарот добива сосема нов лик и Скопје чекор по чекор станува онаков град каков што јас, меѓутоа и граѓаните на Скопје го замислуваме, а скопјани го заслужуваат, вели Петре Шилегов.

Слични содржини