Шкендија загуби од Мура, Ибраими промаши пенал

од Nikola Popovski

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија со 1-0 беше поразен од Мура во Скопје во првиот квалификациски меч од Лигата на шампионите. Тетовци на натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје беа подобар противник низ 90 минути, но не успевајќи да дојдат до погодок дозволија гостите со предност да се вратат во Словенија пред реваншот кој е за една недела.

Единствениот гол на средбата падна во 28. минута кога Лука Бобичанец реализираше удар од белата точка.

Пред крајот на првото полувреме и Шкендија доби пенал, но Бесарт Ибраими не го погоди голот од белата точка, не успеа да го изеначи резултатот.

Во второто полувреме слична слика на теренот. Македонскиот шампион доминираше на средината од теренот, создаваше и шанса кои останаа неискористени преки Бесарт Ибраими и Алими, за на крај да се остане на минималниот пораз од 0-1.

Реваншот се игра во Словенија на 13. јули.

Слични содржини