ШЛОГ, ЕМБОЛИЈА, ИНФАРКТ: Докторка ги открива тешките и трајни последици од короната

од Stefanija Kuzmanovska

Како последици на коронавирусот, д-р Марија Миленковиќ, анестезиолог во Ургентниот центар во Србија, ги наведува белодробната емболија и тромбозата која предизвикува мозочен удар и инфаркт.

Многу луѓе сè уште имаат фиброза на белите дробови, што е оштетување на белодробното ткиво во форма на лузни кои го намалуваат капацитетот, а пациентите завршуваат на респиратор дури и по завршувањето на короната. Исто така, како резултат на падот на имунитетот поради ковид 19, се појавуваат нови инфекции, честопати бактериски, и се станува уште покомплицирано.

Постојат голем број компликации на други органи – јетрата, бубрезите, срцето, чести се срцеви слабости.

На прашањето како да ги препознаете компликациите, докторката наведува тешкотии при дишење, забрзано чукање на срцето, недостаток на здив, неможност за движење, изразена мускулна слабост, вртоглавица, главоболка – сето тоа се знаци дека нешто не е во ред и воопшто не треба да се игнорираат. И овде, како и кај короната, клучот е рано да се јавите на лекар.

Додава дека овие последици ги погодуваат и старите и младите, и дека короната не избира.

– Страшно е што остава многу последици врз работоспособното население – наведува Миленковиќ.

 

Слични содржини