Шминка и козметички производи кои ви се потребни оваа есен

од desk4

Секое годишно време носи нови и возбудливи трендови во шминкањето, а и оваа сезона важи златното правило дека помалку е повеќе.

Unsplash

Ова се три есенски мејкап производи кои ви се и повеќе од потребни за вашата сезонска тренди шминка:

Сјај за усни

Ги обожававме во тинејџерските години, особено оние кои се нанесуваа директно од пакувањето. Е па добра вест, тие сјаеви, проѕирните или збогатените со светкав пигмент повторно се во тренд. Можете да ги користите самостојно или врз усните кои сте ги исцртале и нежно обоиле со моливче во природна нијанса.

Мат руменило

Мат руменилото ги истакнува контурите на лицето, а за правилно да го нанесете потребно е да набавите квалитетна соодветна четка. На светол тен одговараат нијанси на розова и праска портокалова, а за потемен тен одлични се црвенкастите тонови.

Сенки за очи во есенски тонови

Земјените тонови, жолтите, портокаловите, златните, сите можете да ги користите во нивни меѓусебни комбинации. На светли очи нанесувајте портокалови, виолетови и маслинести тонови, додека на потемните очи ќе одговараат златната, бојата на темно чоколадо и светло сива, која повеќе ги истакнува обликот и бојата.

Слични содржини