ШОКАНТНО однесување на Азар – се радуваше откако Реал испадна од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид синоќа беше елиминиран од Челси во полуфиналето во Лигата на шампионите.

По 1:1 во првиот натпревар, „кралевите“ синоќа беа поразени со 2:0 на „Стемфорд Бриџ“, кој се прости од понатамошното натпреварување.

Вниманието на јавноста на крајот од натпреварот го привлече гостинскиот играч Еден Азар, кој со своето шокантно однесување ги разгневи навивачите на неговиот клуб.

Имено, Белгиецот се смееше и се радуваше со своите поранешни соиграчи, како неговиот тим да избори пласман во финалето.

Поради овој потег, тој сигурно ќе биде нападнат од шпанските медиуми.

Слични содржини