ШОКАНТНО УБИСТВО ВО КОВИД-БОЛНИЦА: Пациент осомничен дека исклучил друг пациент од респиратор!

од Nikola Popovski

Грчката полиција во Атина соопшти дека еден човек кој се лекувал од Ковид-19 во болница во главниот град е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент, откако го исклучил од респиратор.

Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останал под надзор на чувар во атинска болница се додека не се опорави, објави Ројтерс.

Пациентот (76), кој исто така се лекувал од ковид, почина во средата вечерта откако лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респиратор без знаење на лекарот.

Двајцата пациенти лежеле на исто одделение, додала полицијата.

Слични содржини