Шолц: За проширувањето на ЕУ треба да одлучува квалификуваното мнозинство

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска, во врска со унгарското противење за членството на Украина во ЕУ, дека е неопходно квалификуваното мнозинство да ги носи повисоките одлуки во Европската унија, особено кога станува збор за проширувањето.

„Јас сум за тоа повисоките одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително и оние за пристапниот процес. Националните парламенти би го имале последниот збор, но една земја повеќе не би можела да го блокира секој чекор“, изјави германскиот канцелар.

Повеќето земји-членки на ЕУ сакаат да започнат пристапни преговори со Украина и да одобрат десетици милијарди евра натамошна помош за таа земја во војната со Русија на самитот оваа недела, но двата чекори се блокирани од Унгарија, пренесе „Ројтерс“.

Шолц додаде дека целта на Западот е да продолжи да ја поддржува украинската армија со цел да ја зајакне одбраната на Киев до тој степен што Русија „никогаш повеќе нема да се осмели да нападне“.

Слични содржини