Шолц: Нема укинување на санкциите против Русија за диктиран мир

од Stefanija Kuzmanovska

ЕУ нема да ги повлече санкциите воведени кон Русија поради нејзината агресија врз Украина, доколку Москва и Киев потпишат мировен договор под руски услови, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува ТАСС, повикувајќи се на германските медиуми.

„Дел од новата реалност е дека ЕУ исто така се консолидираше. Таа реагираше прилично едногласно на руската агресија и воведе досега невидени остри казнени мерки. Знаевме од самиот почеток дека веројатно ќе треба да ги применуваме овие санкции долго време“, наведе Шолц во неговата статија за германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, објавена во неделата.

Германскиот канцелар ја нагласи јасната позиција на Брисел дека „ниту една од овие санкции нема да биде повлечена во случај на мир по диктат на Русија“.

Слични содржини