Шон Вајт влезе во историјата

од Vladimir Zorba

Шон Вајт стана најуспешниот сноуборд натпреварувач на сите времиња, откако триумфираше со третата олимписка титула. Во Пјонгчанг претставникот на САД го освои златниот медал во дисциплината „халфпајп“.

На „Феникс Сноу Парк“, Вајт забележа резултат од 97.75 поени во последниот трет дел од трката, победувајќи го јапонскиот тинејџер Ајуму Хирано, кој има 95.25 поени. Трет беше Австралиецот Скот Џејмс со 92,00 поени.

31-годишниот Шон Вајт, кој освои златни медали во Торино 2006 и Ванкувер 2010, обезбеди олимписка титула број 100 за САД од Зимските олимписки игри. Американецот доби 94.25 поени по првиот дел од трката, но потоа беше едвај седми во вториот дел со само 55.00 поени. Тогаш лидер стана шампионот од Сочи 2014, Ајуму Хирано со 95,25 поени.

Американскиот тим се поздрави со својата четврта титула во сноуборд од игрите во Пјонгчанг.

САД има 4 златни и вкупно 7 медали од Олимпијадата во Република Кореја до овој момент.

Слични содржини