Штип станува ново жариште на коронавирусот, регистрирани 9 случаи

од Берта Китинска

Штип станува ново жариште на коронавирусот. Денес се регистрирани 9 нови случаи. Седум се текстилни работнички.


–Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и започна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите. Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23.000 заштитни маски на институции и граѓани, изјави на прес конференција штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Засега на инфективното одделение во Штип се хоспитализирани девет лица, од нив четири се текстилни работнички, дали тој број ќе се зголеми ќе се знае откако ќе завршат целосните прегледи на новорегистрираните случаи. Во моментов во изолација со решение на Државниот здравствен и санитарен инспректорат се околу 100 лица.

Слични содржини