Штипјанка нападната од таксист под Железничка станица

од Nikola Popovski

27-годишно женско лице пријавило во полициска станица дека било нападнато од таксист, известуваат од МВР. Настанот се случил рано утринава.

-Во полициската станица Аеродром 27-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01,20 часот под Железничка станица Скопје, по претходно недоразбирање, била физички нападната во такси возило „рено“ со скопски регистарски ознаки од страна на такси возач А.М. (26) од Скопје, посочуваат од полицијата.

МВР работи на расчистување на случајот.

Слични содржини