Што вели правилникот? Колку натпревари ќе биде аут Роналдо?

од Vlatko K

Веста на вечерта во Лигата на шампионите не е некоја победа или пораз на водечки тим, туку црвениот картон на Кристијано Роналдо во своето деби за Јувентус во најпрестижниот фудбалски турнир. Тој беше прв за Португалецот во 157 натпревари и беше прилично контроверзен.

И бидејќи тоа беше одлуката на судијата Феликс Брих, дојде и прашањето – колку долго ѕвездата ќе биде надвор од теренот? Веднаш почнаа претпоставки дека тој нема да биде на линија за „старата дама“ за битките со неговиот поранешен тим Манчестер Јунајтед.

Пред нив, сепак, „бјанконерите“ имаат натпревар со аутсајдерот Јанг Бојс како домаќини. Според правилата на УЕФА, CR7 сигурно ќе биде казнет за овој натпревар, дури и по жалба за санкцијата од клубот.

Прашањето е дали дисциплинската комисија на УЕФА ќе го протолкува португалскиот прекршок како опасен. Ако тоа се случи, тој ќе добие дополнителна санкција од уште два натпревари, со што ќе отпадне од сметките на тренерот Масимилиано Алегри за натпреварите со Јунајтед.

Значи, практично сè зависи од толкувањето на неговото дело од страна на Дисциплинската комисија. Но, со оглед на тоа дека црвениот картон беше најблаго речено, контроверзен, поверојатно е Роналдо да изгори само за еден натпревар. Каква казна ќе добие, ќе дознаеме најдоцна следната недела.

Слични содржини