Штрајк во хрватските основни и средни училишта

од desk2

Челниците во синдикатите во образовението во Хрватска по неуспешните преговори со Владата најавија од денеска почеток на штрајк во основните и средни училишта во државата.

По вториот круг преговори, Владата не ги задоволи нивните барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работа во образованието од 6,11 отсто.

Од денеска во штрај ќе бидат сите вработени во основните и средни училишта во Хрватска. Штрајкот ќе продолжи циркуларно, секој ден во одредени жупании – до исполнување на синдикалните барања.

– Владата понуди преку дополнувања зголемување на основата од два проценти на 1 октомври и два проценти на 1 јуни 2020 година. Тоа е неприфатливо за синдикатите и затоа преговорите завршија неуспешно, рече Бранимир Михалинец од синдикатот на вработените во образованието.

Слични содржини