Швајцарија ќе овозможи собири на повеќе од 1.000 луѓе

од Vladimir Zorba

Швајцарската влада соопшти денеска дека има намера да дозволи повеќе од 1.000 луѓе да се соберат на спортски натпревари и концерти од 1 октомври.

Организаторите ќе треба да побараат дозвола за вакви настани, притоа почитувајќи ги правилата за физичката оддалеченост на посетителите, пренесува АП.

Швајцарија е една од првите европски земји што забрани масовни собири заради коронавирусот, одлука за која е донесена на 28 февруари.

Одлуката за внимателно отворање ги зема предвид потребите на општеството и економските интереси на спортските клубови и културните институции, соопшти швајцарската влада.

Во исто време, беше решено дека е задолжително да се носат заштитни маски во авиони што полетуваат од Швајцарија или слетуваат во таа земја.

Слични содржини