Шведска ја запре короната: „Ја платија цената, но можеби ставија крај на епидемијата“

од Vladimir Zorba

Еден од водечките дански епидемиолози, Ким Снепен, процени дека епидемијата на коронавирусот во Шведска можеби е запрена, иако имунитетот на населението сè уште е под 60 проценти.

„Постојат индиции дека Швеѓаните се стекнале со ниво на имунитет на болеста, што заедно со другите мерки е доволно за да се спречи инфекцијата“, изјави Снепен за „Политикен“, кој е професор на Институтот Нилс Бор во Копенхаген.

Минатата недела Шведска регистрираше 23 случаи на заразени со коронавирус на милион луѓе, во споредба со 61 случај во Данска.

Снепен призна дека Шведска има многу повисока стапка на смртност од Данска, бидејќи скоро 5.900 луѓе починале во Шведска и 635 во Данска.

– Тоа е цената што ја платија, но позитивната страна е што сега можеби ставија крај на епидемијата – посочи Снепен.

Шведска, чиј отворен пристап во обид да се постигне имунитет на стадото е критикуван од медицински експерти и политичари, има нешто повеќе од 88.000 потврдени случаи на коронавирус, додека Данска има скоро 29.000 потврдени случаи на заразени, но сега забележува зголемување на бројот.

Сепак, други епидемиолози предупредуваат дека не може да се исклучи ризикот од зголемување на бројот на заразени и во Шведска.

Слични содржини