Шведска протера пет руски дипломати

од Vladimir Zorba

Шведска протера пет руски дипломати. Ова го изјави министерот за надворешни работи на земјата, Тобијас Билстром во интервју за телевизискиот канал SVT.

Шведска има намера од август да престане да ја промовира својата култура во амбасадата во Москва.

Руската амбасада одлуката на Шведска да ги прекине културните врски со Руската Федерација ја нарече „кусогледа“.

„Нивните дејствија на наша територија беа некомпатибилни со нивниот дипломатски статус“, рече министерот.

Во соопштението, шведското Министерство за надворешни работи забележува дека рускиот амбасадор Виктор Татаринцев бил повикан во канцеларијата, каде што бил информиран дека „петмина вработени во руската амбасада во Шведска биле принудени да ја напуштат земјата поради активности кои се некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи“.

Како што изјави изворот за ТАСС, Москва има намера да одговори на протерувањето на нејзините дипломати.

Слични содржини